
2024-07-04
Одржан регионален состанок на Генерални секретари
На 02.07.2024 година во Сараево се одржа состанок на Генералните секретари од кластерот на Југоисточна Европа на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црена полумесечина. На состанокот се евалуираа активностите на Националните друштва кои произлегуваат од заложбите за регионална соработка во рамките на кластерот како и беше претставена студијата на Академијата Солферино „Лидерство на иднината“. За време на состанокот се дискутираа повеќе прашања за унапредување на ефикасноста во координацијата, комуникацијата, планирањето и известувањето за работата на сите чинители.